Search

Се запали барака на булеварот „8 Септември”

Изутринава избувна пожар во барака на булеварот ,,8 Септември” во Скопје.

Според информациите од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарот избувнал во 6.50 часот, а по интервенција на пожарникарите бил изгаснат во 7.40 часот.

Во гаснењето на пожарот учествувале тројца пожарникари и едно возило. Опожарени се 10м2, a првичните проценки се дека е направена материјална штета од 30.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави