Search

Нападнати полициски службеници во Радишани

Нападнати полициски службеници во Радишани

На 20.09.2018 часот околу 20,15 часот на улицата “28“ во с.Радишани, двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија сопреле возило комбе „Нисан“ со скопски регистерски таблици натоварено со огревни дрва  управувано од А.Ј.(18) од с.Љубанци.

По кратко време пристигнало и друго возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Ј.(44) од с.Љубанци, по што тој излегол од возилото и тргнал кон полициските службеници со цел да го спречи приведувањето на А.Ј. и откако бил предупреден од страна на полициските службеници И.Ј. физички ги нападнал.

Лицата биле приведени во Полициската станицаЧаир и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави