Search

Жител на Кадино ја запалил плевната на својa роднина

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден добила пријава дека 42-годишен жител на село Кадино со канта бензин ја запалил кантата за ѓубре во дворот од куќата сопственост на неговa роднина, со кого биле во нарушени односи.

Како што информираат од МВР, пожарот набрзо ја зафатил плевната, која била делумно опожарена. Огнот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита.

Повредени лица нема, а 42-годишникот бил уапсeн, при што кај него бил пронајден гасен пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави