Search

Причина запуштен стан замирисани пелени и урина во зградата кај Скопјанка

Причина запуштен стан замирисани пелени и урина во зградата кај Скопјанка

Специјална екипа на АРМ со специјална опрема пристигна и почна да испитува што е изворот на непријатната миризба во зградата „Скопјанка“ поради која беа евакуирани станарите, со поплаки за здравствената состојба.

Утврдиле дека станува збор за амонијак, а неговиот извор било големо количество валкани мелни пелени во еден од становите, коишто ја предизвикале лошата реакција кај станарите. Според првичните информации, во станот живееле две жени, од кои едната на возраст околу 90 години.

Амонијакот не претставува никаква опасност за здравјето и жителите ќе можат да се вратат во своите станови.

Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда. Социјалните служби се известени за двете жени коишто живеат во станот и ќе преземат мерки за да им помогнат.

Во инцидентот, како што претходно соопшти командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески, нема повредени. Како што појасни, службата добила телефонска дојава од граѓаните за мирис кој што се ширел во ходниците од влезот по што веднаш на терен испратена е една екипа со пет пожарникари, кои пристапиле со евакуација на луѓето и при тоа употребиле заштитни маски.

– Миризбата што ја почувствувале граѓаните го иритира грлото и пречи на дишењето и беше неопходно станарите да се евакуираат на безбедно, рече Томевски.

Треба да знаете
Последни објави