Search

Триесетдневен притвор за скопјанец за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 53-годишен скопјанец за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител од ОЈО Скопје ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице до судот достави предлог и со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.

Како што соопшти ОЈО Скопје, при  рутинска контрола на возило марка БМВ на 15-ти овој месец во 15:00 часот, на бул. „Александар Македонски“ во Скопје,  пронајдено е оружје и тоа  пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје.

По барање на  јавен обвинител и одобрување од  надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организација, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож-Бодеж, двоглед и друга опрема.

Треба да знаете
Последни објави