Search

ИВЗ ги повика граѓаните масовно да излезат и гласаат ЗА референдумот

ИВЗ ги повика граѓаните масовно да излезат и гласаат ЗА референдумот

Ријасетот на Исламската верска заедница денеска апелира до сите припадници на Исламот, на 30 септември, масовно да излезат на референдумот и да кажат ДА за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Заедница.

„Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи, институци како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот, заедништвото и перспективата на земјата и општеството во целост“, пишува ИВЗ во соопштението испратено до медиумите.

ИВЗ смета дека гласот За ќе ги отстрани засекогаш целите на одредени партии и разни структури што ја целат власта за да демонстрираат политичка, верска и етничка супериорност. Македонија во НАТО е крај за  ретрогардните цели, за безнадежноста и за уништувањето на нашата заедничка Македонија, заклучува Ријасетот.

Треба да знаете
Последни објави