Search

Претседателот на Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија

Претседателот на Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија

Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од денеска до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.

Претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Арслан и членовите на делегацијата ќе се сретнат со претставници на Уставниот суд на Република Македонија.

Во текот на работниот дел уставните судии ќе разговараат на теми: „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.

Најавено е дека делегацијата на Уставниот суд на Република Турција ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор во Владата, Аднан Ќахил.

Посетата на делегацијата од Уставниот суд на Република Турција е продолжение на одличната соработка со Уставниот суд на Република Турција и е во рамки на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка меѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.

Треба да знаете
Последни објави