Search

Градоначалникот на Демир Хисар е приведен заради закани врз вработени

Градоначалникот на Демир Хисар е приведен заради закани врз вработени

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанчо Стојановски, е повикан на распит во полициска станица, потврдија од МВР.

Полицијата и обвинителството реагирале откако во јавноста излезе снимката дека тој им се заканувал со вработените на едно училиште дека им ги прислушкува телефоните.

„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања“, им вели тој на вработените во училиштето, кои велат дека со денови им врши притисок и добиваат закани од општината за нивни разместувања или отпуштања од работе, во пресрет на референдумот на 30-ти септември.

Треба да знаете
Последни објави