Search

Детали за несреќата на Плетвар во која загина едно лице

Детали за несреќата на Плетвар во која загина едно лице

Дваесетгодишно момче од с. Слатино, охридско, го загуби животот во судар на автомобил и мотор, што се случил попладнево на планинскиот премин Плетвар.

-Околу 17 часот на патот Прилеп – Градско се судриле мотоциклист М.М. на мотор јамаха роден 1998 год во Слатино, Дебрца и возило Фиат Типо со битолски таблички. На местото на настанот загинал возачот на моторот. Со полесни повреди се здобила жена која го управувало возилото Фиат во кое уште бил и нејзиниот сопруг, инаку и двајцата од Крушево. – информира СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави