Search

Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“

Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“­

Општина Центар урива бесправно дограден дел на угостителскиот објект „Бистро Македонија од Стража“ на ул. „Македонија“, постапувајќи по решение на овластен градежен инспектор.

Општината соопшти дека инспекторот констатирал оти инвеститорот на угостителскиот објект без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14 x 6 метри метри и донел решение дел од објектот што е бесправно изграден да биде отстранет во рок од три дена.

„Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар започна со присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата. Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот.

Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење”, се вели во соопштението од општина Центар во кое се додава дека внимателно го следат почитувањето на Законот за градење и нема да дозволат дивоградби на својата територија.

Треба да знаете
Последни објави