Search

Уапсен осуденик избеган од „Идризово“

Полицијата уапсила гостиварец избеган од затвор, иформираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 18 часот, полициски службеници од ПС Гостивар го привеле Ф.А.(33) од Гостивар, осуден на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело кражба.

Тој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Идризово“-Скопје и по него била распишана потерница. По приведувањето, Ф.А. бил спроведен во КПУ „Идризово“ на доиздржување на затворската казна.

Треба да знаете
Последни објави