Search

Меган Маркл во чест на кралицата се враќа на малите екрани

Ова ќе биде првиот телевизиски проект на Меган Маркл откако се омажи со принцот Хари.

 

Меган Маркл се враќа на малите екрани, но овој пат нема да глуми, туку ќе се појави во новиот документарец за кралицата Елизабета Втора.

„Кралицата на светот“ (Queen of the world) е новата документарна серија во продукција на британска мрежа  а се однесува на моменталната улога на кралицата, како јавна фигура која има влијание врз целиот свет.

Како што е познато, серијата во голема мерка ќе се фокусира на нејзината работа со здружението Комонвелт, а ќе го опишува и нејзиното влијание на помладите кралеви.

Документарецот, кој се снима веќе една година, има „привилегиран пристап“ до кралицата, нејзиното семејство, персоналот и резиденциите.

Гледачите исто така ќе можат да видат моменти „зад сцената“, со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и со принцот Хари и војвотката Меган Маркл.

Покрај тоа, војвотката и поранешна ѕвезда , ќе даде низа на интервјуа, во кои ќе зборува за кралицата Елизабета.

Документираната серија ќе започне да се емитува во Велика Британија кон средината на овој месец.

Треба да знаете
Последни објави