Search

Кацарска до обвинетиот Трајковски: Ќе ве исфрлам од судницата

Судијката Добрила Кацарска за време на сведочењето на пратеникот Мухамед Зеќири за 27 април остро реагираше на однесувањето на обвинетиот Влатко Трајковски по што му рече дека доколку не престане со недоличното однесување ќе го исфрли од судницата.

„Последен пат ве опоменувам, престанете да го нарушувате редот во судницата, во спротивно ќе ве исфрлам од судницата и целото судење ќе бидете надвор“, рече Кацарска.

Претседателката на Судечкиот совет отфрли голем број од прашањата на одбраната по приговор на обвинителството дека не се во согласност со исказот на сведокот.

По Зеќири, сведочење за 27 април ќе има и градоначалникот Петре Шилегов.

Треба да знаете
Последни објави