Search

Зголемено присуство на полицијата околу Апелацискиот суд за пресудата на Груевски

Пред Апелациониот суд во Скопје утринава во пресрет на седницата на која треба судиите да ја донесат одлуката за казната затвор на експремиерот Никола Груевски, има засилено полициско обезбедување.

Денеска е последниот ден Апелацискиот суд да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Треба да знаете
Последни објави