Search

Адвокатите на Груевски бараат изземање на Катица Јанева

Обвинетиот експремиер Никола Груевски и неговите адвокати не се појавија на денешното рочиште за седницата во Апелацискиот суд.

Адвокатите на Груевски го известиле судот дека се ангажирани за други предмети во кривичниот суд. Тие меѓудругото го известиле судот и дека бараат изземање на специјаната јавна обвинителка Катица Јанева.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека барањето за изземање на Јанева е недозволено бидејќи не е дозволено изземање ниту на јавен обвинител.

Судот даде пауза за да одлучи по барањето на адвокатите на Груевски.

Во секој момент во судот се очекува да пристигне и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која треба да се произнесе за барањето за нејзино изземање.

Треба да знаете
Последни објави