Search

Повреден возач, во несреќа на патот Кавадарци – Росоман

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци – Росоман.

Според полицијата, несреќата се случила вчера во 10:30 часот кога се судриле автомобил „нисан терано“ управуван од Г.Ц.(44) од Росоман и „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М.(37) од Кавадарци.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото „југо“, кој бил пренесен во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави