Search

Зошто е важно да се пие вода за време на тренинг?

Бројни истражувања досега покажаа дека е потребно редовно да се пие вода, односно пред и за време на тренинг, но и по завршувањето со вежбање, а експерти објаснуваат зошто всушност е толку важно да се пијат течности.

Пиењето вода ја одредува ефикасноста

Истражувањето, откри дека дехидрацијата за време на тренинг може да ја намали јачината за два отсто, силата за три отсто, а издржливоста за дури десет отсто. Потребно е да испиете барем 250 милилитри вода, 30 минути пред да започнете со вежбање.

Водата е најдобар пријател

Можете да се одлучите за спортски пијалаци богати со електролити или протеински шејкови, но експерти сметаат дека водата е она што навистина му треба на телото.

Имено, телото се состои од 50 отсто вода која помага при регулација на температурата и циркулацијата. За време на изведување на вежбите за тело, нормално е да се почувствува блага дехидрација, бидејќи телото преку потта ослободува течност, но шишето со вода секогаш треба да биде до вас.

Научниците велат дека ладната вода значително го одложува и намалува зголемувањето на телесната температура при вежбање, а исто така ја зголемува и издржливоста.

Течноста значи побрзо закрепнување

После вежбите за тело, многу е важно да се надомести загубената течност од телото. Со пиењето на вода се намалува брзината на отчукувањата на срцето, па така се регулира и телесната температура.

При закрепнувањето, течноста и понатаму се губи преку потта и урината, па повторно е потребно да се испијат 250 милилитри вода, 30 минути по завршувањето на тренингот.

Треба да знаете
Последни објави