Search

Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка

Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка

Вчера во Штип се случи сообраќајна несреќа во кој беше повредено девојче со епилепсија.

Ј.Б, офицер од Штип ни изјави дека вчера во 17 часот на излезот од Штип се случила сообраќајна несреќа, кај Кампуш 4.

-Девојчето кое управуваше со автомобилот изгуби контрола над возилото и излета од патот. Застанав бидејќи без зад неа. Излегов од мојот автомобил и трчав кон нејзиниот. Колата и чадеше, а останатите беа исплашени да не експлодира. Јас не застанав, отидов до автомобилот, јаизвадив, и видов дека беше повредена на главата и на рацете. Бидејќи е епилептичар, почна да се тресе и го проголта јазикот, раскажува Ј.Б.

Офицерот бргу се снашол во ситуацијата.

-Бидејќи како шти кажав, јас сум офицер во АРМ и добро сме обучени за такви ситуации постапив правилно. Ја спасив и вршев компресија на нејзините рани да не искрвави се додека не дојде итна помош. Кога дојдоа докторите, еден од нив ми побара име и презиме за да ми дадат благодарница бидејќи ја спасив девојката, продолжи Ј.Б.

Малкумина знаат како вистински да реагираат во таква ситуација. Несвесни за сериозноста, како што вели Ј.Б. некои од присутните со телефони снимале што се случувало.

-Иако имаше многу народ ме оставија сам околу неа, да се грижам се додека не дојде брзата помош. Останатите со телефони снимаа што се случува. Жално, но вистинито. Единствено ми донесоа вода да ја измијам крвта од рацете, констатира Ј.Б.

Тој укажува дека девојката потоа се освестила и рекла дека некој ја следел.

-Најверојатно бегала од некого и поради тоа изгубила контрола над возилото, констатира Ј.Б.
Потоа тој и рекол дека додека е со него таа е безбедна и потоа девојчето се смирило.

Треба да знаете
Последни објави