Search

СДСМ:Интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е голема и поважна од сите политички партии

Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат одгoворност за историскиот момент и иднината на државата и нејзините граѓани да ја стават над дневната политика, се наведува во соопштение од СДСМ.

Оттаму додаваат дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии, а прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските полемики.

„Македонија се определи. Политички партии, граѓани, невладини организации, се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО. Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики. Затоа, упатуваме повик до ВМРО-ДПМНЕ, да ја искористат шансата, да покажат дека навистина се за ЕУ и НАТО, дека се за европска Македонија. Тоа е шанса, на дело да ја покажат нивната децениска заложба за евроинтеграција“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат дека во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат за европска Македонија.

Треба да знаете
Последни објави