Search

Овој трик ќе ви помогне да ја подобрите општата состојба на вашето здравје

Доколку не можете да издржите ниту еден ден без две или три шолји кафе, време е да пронајдете нов извор на енергија. Пробајте го овој утрински трик од 90 секунди, кој ќе стане неизбежен дел од вашето секојдневие.

Пред да завршите со утринското туширање, пробајте го овој храбар хидротерапевтски трик, поради кој сигурно ќе намалите барем една шолја кафе.

1. Наместете го тушот на што поладна вода (колку што можете да поднесете) и туширајте се така 30 секунди.

На почетокот водата ќе ви биде неподносливо ладна, но брзо ќе се навикнете. Не го правете тоа нагло, туку почнете од одредени делови од телото, а потоа опфатете го целото тело.

2. Потоа, поднесете го тушот на жешка вода и туширајте се така во наредните 30 секунди.

Жешката вода ги проширува капиларите, ја зајакнува циркулацијата и го стимулира целото тело.

3. На крајот, вратете го тушот повторно на ладна вода и туширајте се така 30 секунди.

Не само што потполно ќе се разбудите и ќе бидете спремни за сите предизвици на новиот ден, туку овој метод ќе ви помогне да бидете помалку под стрес, ќе ви го зајакне имунитетот, ќе ја зголеми способноста на организмот да ги согори маснотиите и ќе го подобри вашето општо расположение.

Треба да знаете
Последни објави