Search

Мијалков барал спас во амнестијата на Иванов, судот го одби

Кривичниот суд на рочиштето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, му соопшти на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски дека не го прифаќа приговорот со кој тие се повикаа на одлуката за помилување на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Судијката Џенета Бектовиќ, рече дека судот веќе го ценел обвинението во фаза оценка на обвинителен акт и ги одбил приговорите за прифаќање на помилувањето на адвокатите.

Специјалното јавно обвинителство побара да се спои постапката во предметот за масовното прислушување и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Денеска СЈО ги изнесува воведните говори во предметот.

Треба да знаете
Последни објави