Search

Со спреј за спиење ограбени четири македонски семејства во Грција

Со спреј за спиење ограбени четири македонски семејства во Грција

Во Грција во вила во која биле сместени македонски семејства била извршена кражба на познат стар начин со спреј за спиење.
-Си спиевме ноќеска во соба сабајле станувако сите пари од новчани ги нема друго се на место. Пријавивме на газдарицата превртува очи као не е изненадена и уште не обвинува дека сме ги изгубиле на плажа. После саат време доаѓаат уште 5 соби пријавуваат дека се ограбени. Сите исто кога си легнале со заклучени врати, пишуваат дел од жртвите на кражбата, објави Досие.

Интересно е што крадците зеле само пари иако имало и златен накит.
Овој начин на крадење е познат во Грција од поодамна. И полицијата знае, но никој ништо не може да стори. Кога ќе заспијат гостите, вештите крадци под вратата им прскаат посебен спреј кој ги доведува во длабок сон и ништо ни слушаат ни чувствуваат. Тие слободно оперираат и крадат само пари.

Треба да знаете
Последни објави