Search

Почна кампањата СДСМ со слоганот „Излези и гласај за Европска Македонија„

Почна кампањата СДСМ со слоганот „Излези и гласај за Европска Македонија„

„Излези и гласај за Европска Македонија„. Со овој слоган, 100-тина правни субјекти, меѓу кои има партии, здруженија на граѓани, заедници, организации, друштва, синдикати и стопански комори, ќе ги повикуваат граѓаните да излезат на претстојниот референдум. Премиерот, кој денеска и официјално ја почна  кампањата, порача  дека, одговорот „за„, ќе ја зацврсти нашата независност, ќе ги обезбеди границите и ќе донесе сигурна перспектива во ЕУ и НАТО. Референдумот го спореди со тој за независност на Македонија.

Премиерот ги повика и ВМРО ДПМНЕ да се приклучат кон кампањата, велејќи дека, како поборници за интеграција на државата во ЕУ и НАТО, имаат силна причина да посакуваат успешен референдум.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој порача дека прогресивните сили се убедени дека ова е вистинскиот пат за подобра иднина, исто така, ја  повика опозицијата да им се придружи.

Поддршка за референдумот денеска од Прилеп побара и министерката за одбрана, велејќи дека е време, Европа да ја донесеме во Македонија.

Првиот митинг, како дел од кампањата, СДСМ го закажа за утревечер во Штип, а ќе му претходи трибина во Кочани. Останатите партии се уште ги подготвуваат програмите за своите активности околу референдумот.

Треба да знаете
Последни објави