Search

(Видео+Галерија) Бројчаникот ќе врти, со среќа!

Бројчаникот ќе врти, со среќа!

Работници во моментов го поставуваат бројчаникот, што го најави премиерот Зоран Заев, на Триумфалната порта во центарот на Скопје. Бројчаникот, според најавите, треба да покажува колку од украдените пари ќе се вратат во буџетот.

Заев денеска повторно го најави поставувањето на бројчаникот, но не соопшти кога точно ќе биде поставен.

Заев додаде дека ваквото ветување дадено додека бил во опозиција ќе биде исполнето овие денови доколку се завршат правните формални аспекти, наведувајќи дека во буџетот на Владата немало пари за тоа и оти бројчаникот ќе го плати приватно од негови пари.

Треба да знаете
Последни објави