Search

Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Оливер Вуксановиќ, адвокатот на обвинетиот предводник на група за крвавиот четврток Александар Василевски-Нинџа, во воведниот говор за судењето рече дека одбраната ќе докаже оти некои од обвинетите воопшто не го познавале Нинџа, а не, пак, да му ги слушаат наредбите.

„Немало акт на насилство, ниту некој се заканувал, ниту обвинетиот имал умисла и намера да го изврши кривичното дело“, рече адвокатот.

Во воведниот говор Вуксановиќ рече дека преку листинзи од базните станици ќе ја докажат траекторијата на движењето на Нинџа во времето за кое е обвинет со обвинителниот акт. Тој рече дека Нинџа не влегол и не бил во Собранието.

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа во воведниот говор рече дека го предложиле за сведок и Благоја Василевски, брат на обвинетиот и телохранител на експремиерот Никола Груевски.

Сите адвокати на обвинетите, освен бранителот на Горанче Ангечовски, дадоа воведен збор на судењето./макфакс

Треба да знаете
Последни објави