Search

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за „27 април“

Во кривичниот суд продолжува судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Рочиштето продолжува со воведни зборови на одбраната.

Процесот почна во средата, а воведен говор тогаш имаше обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Продолжи вчера со воведни говори на адвокатите на поголем дел од обвинетите.

Обвинителката Рускоска истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“, а одбраната тврди дека не постојат докази што укажуваат на такво нешто.

Во случајот обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање.

Закажано е и ново судско рочиште за в понеделник.

Треба да знаете
Последни објави