Search

Платите на Вработените во јавното здравство од септември поголеми за пет отсто

Платите на Вработените во јавното здравство од септември поголеми за пет отсто

Основната плата во здравството ќе изнесува 13.286 денари

За пет отсто е зголемена плата на здравствените работници, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Министерството и Самостојниот синдикатот на здравствените работници донесоа Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и таа ќе изнесува 13.286 денари – рече Филипче

Со оваа корекција, додаде тој, основната плата на здравствените работници се зголемува за 5 отсто.

Примената на ова зголемување ќе почне со исплатата на  септемвриската плата  2018 година.

За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, се обезбедени 469 милиони денари годишно или 39,1 милиони месечно.

– Со ова и со зголемувањето на надоместоците за прекувремената работа и дежурствата битно се подобруваат примањата на здравствените работници – рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави