Search

Каков е тој тероризам со зборови, прашa адвокатот на обвинетите за крвавиот четврток

Адвокатот Донче Наков, кој во предметот за крвавиот четврток, ги застапува обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Абдулфетах Аљими, во воведниот говор пред судот рече дека неговите клиенти не го извршиле кривичното дело, зашто нема умисла за сторување кривично дело.

„Не може да се стори кривично дело со несторување и со зборови. Делото тероризам е сторено со зборови“, рече Наков. „Ќе докажеме дека обвинетите меѓу себе не се познавале и немале позиција на близина“, рече адвокатот.

Тој додаде дека настаните од 27 април се веќе процесирани, а обвинетите воопшто немале намера да го извршат делото, а членот 313 од Кривичниот законик пропишува умисла за сторување.

Треба да знаете
Последни објави