Search

Скопјанец прегазил момче од Србија

На крстосницата од улица „Славеј Планина“, ул.„362“, улицата „Македонско Косовска бригада“ и улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, вчера во 22:30 часот, патничко возило  со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ф. К. од село Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Полицијата презема потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави