Search

Сашо Тасевски нов директор на БЈБ

Сашо Тасевски нов директор на БЈБ

Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга, бидејќи 20 години работи во МВР.

На штотуку завршената 84-та владина седница, едногласно беше усвоен предлогот Сашо Тасевски, магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност, да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност,

Првпат слушнав за него додека беше шеф на обезбедувањето (дел од МВР) во Амбасадата на САД. Од сите амбасадори, со кои лично работеше, добивав само пофални зборови за него.

Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга, бидејќи 20 години работи во МВР.

И ете чудна правда: на денот кога во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, датум кога е и направена оваа фотографија и кога ја докажа своја висока професионалност, Тасевски е поставен за прв човек на БЈБ.
Вистински професионалец на вистинско место.

Честитки!

(Фејсбук статус на Андреј Жерновски)

Треба да знаете
Последни објави