Search

Рускоска: Игор Југ имал задача да го ликвидира Заев

Рускоска: Игор Југ имал задача да го ликвидира Заев

Во попладневниот дел од денешното рочиште за предметот за насилството во Собранието од 27 април минатата година обвинителката Вилма Рускоска даде детална хронологија на настаните од 27 април.

Обвинителката објасни и дека дел од обвинетите во прес-салата ги координирале останатите за физички да се пресметуваат со мнозинството. Таа истакна дека Игор Југ имал задача физички да го елиминирал Заев што, според неа, ќе се докажело со изјави на сведоците.

Обвинителката нагласи дека постапката ќе докаже дека обвинението има за цел да се спроведе Законот.

Треба да знаете
Последни објави