Search

Пожар во делчевско, изгореа 60 декари борова и дабова шума

Вчера околу 11 часот кај место викано „Цветков чукар“ во селото Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума.

„На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15.20 часот пожарот бил изгаснат. Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави