Search

ВМРО да каже дали е за НАТО и ЕУ, вели Министерството за одбрана по обвинувањата

Министерството за одбрана излезе со реакција по тврдењето на опозицијата дека илјадници војници неколку недели немаат организиран платен превоз и самите се снаоѓаат за да стигнат до касарната во која работат.

Од министерството велат дека ВМРО-ДПМНЕ бескрајно повторува веќе одговорени прашања и пласира лажни вести, само за да прикрие дека нема став за најважните државни стратешки прашања и да ги сокрие внатрепартиските пресметки и чистки.

„Партијата треба да се изјасни дали застанува покрај своите граѓани на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО каде што поведе владата, или е против овој стратешки интерес на земјата и ќе ги турка граѓаните назад“, се вели во соопштението на Министерството.

Треба да знаете
Последни објави