(Видео) Ѓоковиќ во потрага за својот автомобил, направи вистинско „шоу“ на паркингот

Ѓоковиќ во потрага за својот автомобил, направи вистинско „шоу“ на паркингот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва го игра полуфиналето на АТП турнирот во Сисинати.

Ѓоковиќ вчера успеа да дојде до победа во четвртфиналето и да се пласира во полуфиналето, а по натпреварот луташе пред стадионот во Синсинати. На почетокот фановите збунети го гледаа Ѓоковиќ, но набрзо разбраа дека не може да си го најде автомобилот.

Српскиот тенисер направи вистинско „шоу“ пред стадионот затоа што не можеше да се сети каде го паркирал автомобилот. Ѓоковиќ од сево ова направи „забава“ која заврши на најдобар начин. На крајот автомобилот го најде на едно место каде што воопшто го немаше побарано, а тоа беше веднаш пред стадионот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=38&v=_UwLYKjBG3c

 

Треба да знаете
Последни објави