Search

Украдени 20.000 евра од куќа

Украдени 20.000 евра од куќа

Непознати сторители насилно влегле во куќа на жител на Кривогаштани и му одзеле 20.000 евра, пренесе МВР.

„На 16.08.2018 година во периодот од 03.00 до 08.00 часот во куќа сопственост на М.Ш.(60), во с.Кривогаштани, прилепско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел околу 20.000 евра. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави