Search

Секој функционер од ВМРО-ДПМНЕ ќе депонира оставка пред да стапи на функција

Секој функционер од ВМРО-ДПМНЕ ќе депонира оставка пред да стапи на функција

Секој кандидат за пратеник, градоначалник или советник од ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да депонира оставка пред преземањето на функцијата. Таа ќе се активира доколку замине во друга партија или одлучи да настапува независно. Ова е едно од можните решенија за задржување на партиската лојалност, предвидени со новиот Статут на партијата, на кое општинските комитети имаат најмногу забелешки. Треба да ги замени некогашните меници, кои официјално никогаш не беа потврдени бидејќи беа нестатутарни. Фракционерство нема да биде дозволено.

Партиски извори брифираат дека за изрекување дисциплински мерки ќе одлучува Партиски суд на честа, а ќе се формира Патриотски институт кој, заедно со Советот на интелектуалци, ќе ги афирмира идеите и целите на партијата. Најмногу поддршка има за предлогот секој партиски функционер, вклучувајќи го и претседателот, да има најмногу два мандати по четири години, а  за трет треба да се помачи и да обезбеди дво/третинска поддршка. Во партијата размислуваат да воведат нова позиција – претседавач со Централниот комитет.

Арсовски вели дека сите предлози и идеи се предмет на консултации и на анализи и дека во партиските тела ќе бидат избрани оние механизми што се најделотворни. Неофицијално, забелешките ќе се примаат до крајот на месецот, а потоа, предлог статутот ќе биде ставен за усвојување и за објавување. Минатата година промените ги бараше групата реформатори заради демократизација на партијата, но тогашниот лидер Груевски немаше разбирање.

Треба да знаете
Последни објави