Search

(Обновено) Вооружена престрелка во Чаир, полицијата на терен

Вооружена престрелка во Чаир, полицијата на терен

Вечерва дошло до вооружена престрелка во Скопје, дознава 24инфо.

Вечерва околу 19 часот на улица Лазо Трповски, во близина на еден маркет по претходна расправија меѓу три лица дошло до меѓусебна престрелка, потврдија од МВР за 24инфо.

Според информации, до престрелка дошло најверојатно поради нерасчистени имотно правни односи.

Според нашите информации нема повредени, а увидна екипа од полицијата е излезена на терен, каде се работи на расчистување на случајот.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави