Search

Турција ги бојкотира сите производи од САД !

Турција ги бојкотира сите производи од САД !

„Важно е да се задржи цврстиот политички став во екот на дипломатскиот судир со САД и падот на лирата“, изјави Ердоган.

Односите меѓу Анкара и Вашингтон значително се влошија во последно време, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес одговори на тоа што САД ја срушија турската лира со соопштение дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во Америка.

„Важно е да се задржи цврстиот политички став во екот на дипломатскиот судир со САД и падот на лирата“, изјави Ердоган.

„Во тек е економски напад врз Турција. Во минатото таквите работи се правеа прикриено, а сега се отворени. Можеме да направиме две работи, економски и политички. Ќе преземеме мерки, Министерството за финансии работи деноноќно. Ќе ја бојкотираме електронската роба од САД. Они имаат ајфон, но од друга страна тука е Самсунг. Имаме и локални брендови, тоа ќе го искористиме“, рече турскиот претседател.

Лирата падна затоа што инвеститорите се сомневаат дека турскиот претседател ќе успее да се избори со слабеењето на валутата и дипломатскиот спор со САД, кој резултира со двојно зголемување на американската царина на увозот на челик и алуминиум од Турција. Трамп дури и му упати ултиматум на Ердоган до 15 август да ги ослободи американските граѓани кои се кривично гонети во Турција.

Треба да знаете
Последни објави