Search

Тешка сообраќајка кај езеро Треска, повредени жена и две деца

Тешка сообраќајка кај езеро Треска, повредени жена и две деца

Две деца биле повредени кога автомобилот во кој се возеле излетал од пат и се превртел, вчера на локалниот пат село Сарај – село Глумово. Во сообраќајната несреќа со тешки повреди се здобила З.Р.(27) од Скопје која го управувала автомобилот.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 16 часот, спроти езерото Треска. Автомобил „форд ка“ што го управувала З.Р. излетал од коловозот и се превртел.

Со тешки повреди се здобила З.Р. а полесно биле повредени две деца кои биле во автомобилот на возраст од 16 и 9 години.

Со друго возило тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош З.Р. била задржана на понатамошно лекување, додека децата биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

Треба да знаете
Последни објави