Search

Вознемирувачко видео: Отруено куче со виршла во Охрид

Вознемирувачко видео: Отруено куче со виршла во Охрид

Кученцето за кое вчера обзнанав дека беше затруено, иначе милениче на мој драг другар, штотуку испушти душето. Не издржа милоства иако другаров од петни жили се трудеше да ја спаси. Пред да испушти душа ја исповрати виршлата каде отровот беше подметнат, цел ден се мачеше милово и не издржа. Виршлата ќе биде поднесена како доказен материјал откако утре в полиција ќе биде поднесена пријава за убиство на милениче (имено член на фамилијата) и пријава за повреда на Кривичен закон со оглед што отровот беше фрлен на приватен имот. Полицијата е должна да изврши истрага, што во населбата (логиката вели дека куче во нечиј двор би отрул некој кој обично живее во близината), што во земјоделските аптеки од каде отровите се купуваат иако оние опасните забранети си, а за оние полесните треба соодветна документација и процедура за да се набават. Простете ми за вознемирувачково видео, но нека види народов со што речиси еднаш месечно се соочуваме ние активстиве за заштита на животни, нека види како умира живот желен да биде изживеан како што и човекот желен е за тој живот, и нема никаква потреба да се прави реалноста розева штом еве вака црна е за животинкиве мили. Воедно, утре ќе поднесам пријава против локалниве ветеринарни инспектори што затајуваат на големо со оглед што едно чудо труежи се исподесија при нивен мандат и покрај тоа никој не сносува одговорност и не дава оставка што не успеал истрага да спроведе и трујач и продавач на отров да казни. И уште еднаш повторувам – ако оваа држава час поскоро не се уозбили во однос спречување и санкционирање на овие грозоморија, се ближи денот кога и човечка жртва ќе падне, било да е тоа некој затруен од отров подметнат за животинкиве или да биде начекан некој како фрла отров и да биде претепан до усмртување (ова второво не е еден вид закана, но предупредувам дека меѓу активистиве за животни веќе е многу насобрано и тоа може лесно да избувне без да се има контрола).
Душе мило, почивај во мир. И ако е за утеха некаква, ако не се истера оваа земна правда во однос ова и сите други монструозни дела врз животинкиве сироти, има една друга небесна правда од која никој, ама баш никој не успеал да избегне и нема ни да успее.
Ахххх…

 

https://www.facebook.com/kliment.arnaudov.3/videos/pcb.10211771899563112/10211771898203078/?type=3&theater

 

Треба да знаете
Последни објави