Search

Спречена трагедија кај Смилковско езеро, изваден човек кој се давел

Спречена трагедија кај Смилковско езеро, изваден човек кој се давел

Петмина пожарникари извлекоа човек кому му се превртел чамецот попладнево во Смилковското езеро.

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски за СДК вели дека во 13:26 било пријавено дека во Смилковско езеро се превртел чамец со човек, а целата интеревенција завршила во 14,30 часот.

Човекот, кој е во средни години, е префрлен со Итна медицинска помош и е во стабилна состојба, вели Томевски.

Треба да знаете
Последни објави