Search

Тројца од осомничените сè уште се вработени во Општина Карпош

Тројца од осомничените сè уште се вработени во Општина Карпош

Тројца од раководителите во Општина Карпош, кои се на распит пред судија на претходна постапка, сè уште се вработени во Општина Карпош. Лицата Н.Н. во својство на помошник-раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство, обвинети за злоупотреба на службена должност сè уште работат на истите позиции. Само раководителот на секторот за јавни набавки, М.Д., сам дал отказ веднаш по доаѓањето на новото општинско раководство, велат за „Макфакс“ извори од општината.

Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев велат дека веднаш штом добијат известување од судот, ќе постапат согласно со надлежностите. Односно, мерките што ќе ги преземат ќе зависат од одлуката на судот.

Финансиската полиција освен  Јакимовски ги сомничи и вработените, а судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост. Лицата се осомничени во делот на три јавни набавки во Општина Карпош за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Треба да знаете
Последни објави