Search

Скандал: Пливачка федерација намерно не го пријавиле Поп Ацев на ЕП во Глазгов ?!

Скандал: Пливачка федерација намерно не го пријавиле Поп Ацев на ЕП во Глазгов ?!

Чуствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во Февруари ја исполнив нормата дадена ПФМ за настап на Европското Првенство и во изминатата година цела моја енергија фокус тренинг и мотивација беше за ова Првенство. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека се е во ред со мојот настап. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ( нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност огорченост и болка нема зборови да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова Првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави
Сметам дека ниеден спортист не заслужува и не треба да го доживее ова и затоа решив јавно да го споделам вели Поп Ацев на својот фејсбук профил.

24 инфо во утрешниот ден ќе побара официјален одговор од Пливачката федерација на Македонија.

Евгени Поп Ацев е Светски првак во маратонско пливање за 2015 година и на 29 Охридски маратон во 2015 година Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон.

https://www.facebook.com/1490178840/posts/10217456423751082/

Треба да знаете
Последни објави