Search

Ако утре има избори ќе победи СДСМ

Ако утре има избори ќе победи СДСМ

На прашањето „За која партија ќе гласате доколку утре се одржат парламентарни избори“, 24,4 отсто од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, 24 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 6,9 отсто за ДУИ, 2,7 отсто за Алијанса за Албанците, 1,7 отсто за БЕСА, 2,5 отсто за други партии, а 37, 8 отсто одговориле не знам/нема да гласам.

Ова го покажале резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведе агенцијата М-проспект во периодот 24 јули до 1 август 2018 година.

Според резултатите, кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ има мала предност со 31,2 отсто, наспроти СДСМ со 28,3 отсто, додека СДСМ се уште има поддршка кај осум отсто од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од еден отсто.

Анкетата е спроведена телефонски на примерок од 1.026 испитаници постари од 18 години.

Треба да знаете
Последни објави