Search

СЈО влезе во Општина Аеродром – одземена документацијата на Коневски

СЈО влезе во Општина Аеродром – одземена документацијата на Коневски

Специјалното јавно обвинителство влезе во Општина Аеродром. По краток увид, специјалните истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски. Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.

Од СЈО не кажуваат дали подготвуваат истрага за ексградоначалникот Коневски. Од таму кусо ни рекоа дека доколку предметот е во предистражна постапка, не можат да дадат никакви детали.

Детали не кажуваат ниту од Општина Аеродром.

„СЈО неодамна со писмен допис се обрати до Општина Аеродром со барање за доставување документација. Општината ја достави бараната документација. За повеќе детали во врска со посочената документација, ве молиме да се обратите до СЈО“, изјавија за „Макфакс“ од одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.

Ивица Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром два мандата, односно од 2009 година до 2017 година. Во негово време Општината донесе низа урбанистички планови против кои жителите на Аеродром жестоко се бунеа.

Треба да знаете
Последни објави