19 годишно момче прободено во градите при тепачка

19 годишно момче прободено во градите при тепачка

На 04.08.2018 година во 22,50 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Маршал Тито“ пред сендвичара дошло до меѓусебна тепачка помеѓу М.П. (25) од с.Н.Село-Тетово, од една страна и Н.Р. (18) населбата Дреновец-тетовско и В.Б. (19) од с.Церово-тетовско од друга страна, при што со убодна рана од нож во пределот на градниот кош се здобил В.Б.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“во Скопје. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. М.П. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави