Search

Поранешен директор на ЈП „Македонски шуми“ – Струга заработи кривична пријава

Поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица, Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, Ж.П., како директор на ЈП „Македонски шуми“ Струга, на приватна фирма од градот за период од шест месеци ѝ отстапил на користење три објекти во сопственост на јавното претпријатие, без да биде наплатен надомест за користење на објектите.

Додека во меѓувреме пријавениот склучил и договор со истата фирма за испорака на буково огревно дрво во вредност од над 400 000 денари, и притоа, според сознанијата на МВР, без да биде извршена уплата од страна на купувачот.

Со овие дејствија тој му нанел материјална штета на ЈП „Македонски шуми“ во износ од 1.499.241 денари.

Треба да знаете
Последни објави