Во Општата болница во Охрид вчера вечерта било донесено починато лице.

Од МВР информираат дека според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари.

Во еден момент истиот паднал на улица, а потоа бил пренесен во Општата болница Охрид, каде што од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.