Search

Дијаспората ќе може да гласа на референдумот

Дијаспората ќе може да гласа на референдумот, но членовите на Државната изборна комисија не се согласуваат дали тоа треба да се реализира во амбасадите или иселениците ќе гласаат во Македонија.

Членот на ДИК, Јанаќе Витановски, потенцира дека на референдумот на 30 септември ќе може да гласа и дијаспората во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП), како што е наведено во предложениот Правилник за организирање и спроведување на референдумот.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, се спротивстави гласањето да се организира во ДКП поради големите трошоци. Таа ја повика дијаспората да дојде во Македонија и тука да го реализира своето избирачко право.

Елизабета Постоловска посочи дека чекаат податоци од МНР за бројот на вработени во дипломатско-конзуларните претставништва и дека ќе се обидат да ги намалат трошоците.

Членовите на ДИК едногласно го усвоија Правилникот на денешната прва седница на новиот состав.

Со Законот за референдум дијаспората не беше опфатена. Првпат гласаа во изборите во 2011 година, а Законот за референдум е од 2005 година.

Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули годинава од Собранието се: Оливер Дерковски – претседател, Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

ДИК треба да го спроведе референдумот за името Договорот со Грција што Собранието го распиша на 30 септември годинава.Задачата на ДИК е да ги усогласи неусогласеностоте меѓу Изборниот законик и Законот за референдум.

Треба да знаете
Последни објави