Search

Мотоциклист повреден во Скопје

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Филип Втори“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.С. и моторцикл со скопски регистерски таблици управуван од П.Б.

Во незгодата со повреди се здобил моторциклистот на кого му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави